fbpx

ВМРО-ДПМНЕ дозволи 15.000 деца да бидат невакцинирани, а денес злоупотребува човечки трагедии во днeвнополитички цели

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ за 11 години успеа да направи таков хаос во здравството од кој денеска граѓаните мора да ги трпат последиците. Паралелен увоз на лекови, невакцинација, негрижа за колективниот имунитет и погазување на правата на пациентите се само мал дел од штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај се, Христијан Мицкоски без трошка срам се обидува да ја злоупотреби смртта на децата во дневнополитички цели, иако неговата партија е директно виновна за 15.000 невакцинирани деца во Македонија.

За разлика од таквиот игнорантски однос кон здравјето на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство остануваат посветени на спроведување на суштински реформи кои ги санираат штетите и го унапредуваат здравствениот систем и грижата за пациентите.

Со рано детектирање и прогласување на епидемија од морбили, Министерството за здравство успеа да спречи катастрофа од огромни размери. Со активна кампања за вакцинација и напорна работа се вакцинираа повеќе од 50% од децата кои не беа вакцинирани заради негрижата на ВМРО-ДПМНЕ, а со строгите контроли и мерки епидемијата на морбили се држи под контрола. Секојдневно здравствените работници се борат со епидемијата, додека Мицкоски, чијашто партија е виновна за состојбите ужива во белата палата.

Мицкоски е недоговорен политичар чија единствена цел е да шири паника и ги плаши граѓаните.

По пустошот на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија беше на дното на Европа во однос на квалитетот на здравствените услуги. Денес, постојано се инвестира во нова опрема, растат платите на здравствените работници, се унапредува квалитетот на здравствените услуги и правата на пациентите.

Скопје, 12.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести