fbpx

Продолжува вистинската грижа за земјоделците, двојно зголемени субвенциите за оризопроизводителите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новите програми за зголемена финансиска поддршка за земјоделците ја потврдуваат заложбата на Владата предводена од СДСМ за развој и унапредување на земјоделството.

Се зголемуваат субвенциите за јаболкопроизводителите од 33.000 на 41.000 денари по хектар. Значително поголеми субвенции ќе добијат и производителите на ориз. Финанската поддршка за оризопроизводителите ќе се зголеми од 12.000 на 25.000 денари по хектар со кроистен сертифициран семенски материјал, односно од 6.000 на 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.

Со мерката „зелена нафта“ земјоделците што имаат поледелски, градинарски, овошни култури и лозови насади добиваат поддршка од 30 отсто за набавка на нафта за земјоделската механизација.

Вкупната државна поддршка за мерката изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

Зголемена финансиска поддршка е обезбедена и за сточарите, овоштарите и градинарите.

Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки. Владата предводена од СДСМ останува посвестена на вистинска грижа за земјоделците.

Скопје, 11.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести