fbpx

Да за Европа, за подобар животен стандард, поголеми плати и пензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ е посветена на интеграцијата и членството во ЕУ, за отворени можности за голем скок на платите и пензиите, раст животниот стандард на граѓаните.

СДСМ во изминатиот период за двојно и повеќе ја зголеми минималната плата и од оваа година таа изнесува 21.000 денари.

Просечната нето плата од 22.000 денари во 2016 година, сега е поголема за 15.000 денари и има историски највисока вредност од 37.000 денари.

Просечната пензија е зголемена за 40%, во споредба со онаа во времето на ДПМНЕ.

Со членството во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат, со оглед на фактот што, во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ изнесувал од над 50 отсто, па се до 100 отсто.

Единствена алтернатива е Да за Европа, усвојување на уставните измени и продолжување на преговорите за членство во ЕУ.

ДПМНЕ блокираат поголеми плати за работниците, поголеми пензии, подобар животен стандард.

СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард.

Последни вести