fbpx

СДСМ е за членство во ЕУ, ДПМНЕ за изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ како партија, која работи во интерес на граѓаните и на државата е посветена на членство во ЕУ.

СДСМ ги започна преговорите за членство по 17 чекање, реална е шансата да има ново проширување унијата до 2030 година и ова е прилика којашто треба да се искористи.

Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ затоа што тоа значи подобар животен стандард, подобра инфраструктура, економски напредок, социјална правда, врвна демократија, подобро владеење на правото.

Потребно е усвојување на важни, државнички одлуки за реазлиација на оваа стратешка цел.

Антиевропското делување на Мицкоски и ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата, ги носи во изолација, а не во интеграција.

Со лаги и манипулации за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат, без било каков аргумент против уставните измени ДПМНЕ го кочи европскиот пат.

Изборот е интеграција во ЕУ и подобар животен стандард или изолација и бескрајно чекање на подобри времиња.

Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени.

Последни вести