Соопштение за јавност
Непотизам и партизација на институциите се одлика на криминалната ВМРО-ДПМНЕ која 11 години масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите.
Таквиот однос кон државните институции и администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни . Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секоја има еднакви можности за работа.
Државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред , дека невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во вистинска насока.
Скопје, 11.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА