Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ,
Скопје, 12.02.2019
Ќе има ли предвремени избори?
Вечерва Извршниот одбор ќе дискутира. Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред нкеколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука, и штом ќе ја донесеме одлуката, официјално ќе ја соопштиме преку вас новинарите до граѓаните.
П2: Во која насока се движат размислувањата?
Мнозинството како што го чувствувам јас, е за одговорноста пред се пред државата.
П3: Дали ќе се оди со консензуален кандидат или со самостоен?
Дел од оваа дискусија вечерва на Извршниот одбор којашто ќе ја имаме, ќе биде на мој предлог да влеземе во разговор со политичките субјекти во државата, не само коалиционите, туку вонпарламентарните партии, опозиционите партии, барем дел од нив да се обидеме преку заедничка анализа да изнајдеме кандидат којшто чувствуваме дека би бил поддржан од сите граѓани. Кога зборувам сите, зборувам сите етнички заедници, социјални групи и така натаму, се работи за Претседател на државата, тоа е првата функција во државата. Верувам дека имаме шанси да успееме, во најмала рака верувам дека нема ништо да изгубиме ако се обидеме. Може ќе успееме, можеби и не, но јас верувам дека треба да се обидеме да успееме заради тоа што и концептот едно општество за сите го градиме преку многу алатки и една од алатките е и токму таа како се поставуваме кон луѓето, кон функциите и слично. Јас верувам дека политичките субјекти, пред се одговорноста на коалиционите политички субјекти треба да биде на повисоко ниво, ако го тераме овој концепт навистина да смогнеме сили, да собереме енергија за сите нас, да застанеме зад кандидат за којшто граѓаните впрочем би застанале.
П4: Името на државата и официјално е Република Северна Македонија. Ќе менувате ли вечерва табли, бидејќи имајќи предвид дека на Владата и Собранието се сменети?
Знаете дека пред неколку недели, односно пред три дена или четири дена после гласањето на Грчкиот Пармалент, ние донесовме условни заклучоци на Владата за да влезат институциите во подготовка, Македонија има нов Устав, Уставот треба да го почитуваме, Законот за ратификација на договорот од Преспа треба да го почитуваме, и на крајот на денот треба да покажеме извршување на нашиот дел од обврските коишто ги имаме земено со Преспанскиот Договор. Јас верувам дека сите институции коишто се подготвени, нема која прва која втора, треба да постапат и штом се подготвени тоа да го прават, знам дека МВР има сериозни обврски, и голем дел се завршени, ќе имаме печати на самите пасоши на излез кон Грција кадешто ќе се номинира дека тоа е исправа во сопственост на Република Северна Македонија, делот на таблите коишто се голем дел под Царина, а голем дел се под МВР, одредени други административни аспекти, сето тоа што сме подготвени веднаш го преземаме како што е пропишано по Договорот. Знаете дека и самиот Договор е флексибилен во делот на промена на одредени документи за да не предизвикуваме дополнителни трошоци кај граѓаните, пример, налепниците што ќе ги ставаме на регистерските таблички, врз делот каде што стои МК ќе биде НМК, односно North Macedonia, истите ќе бидат бесплатни, нема да им се наплаќа на сопствениците на автомобили, за да можеме конечно да го почувствуваме тоа пријатно чувство на преминување на границите со Грција, но секако, тоа ќе важи за сите. Го очекувам министерот Димитров да ги усогласи сите ноти што треба да ги испратиме до сите земји членки на ОН, што ни е обврска од делот на Договорот. Генерално, да се потврди личната карта на Македонија, а сега на Северна Македонија во ОН, а тоа се дел од обврските што ги имаме од прифаќање на Договорот и стапувањето на сила на уставните измени и верувам дека имаме добро усогласени чекори заедно со грчката страна, но пред се и со нашите институции за соодветно постапување согласно новите законски измени, согласно новите уставни промени.
П5: Ќе ја отворите ли темата за промена на името на партијата и кои се предлозите во таа насока?
Договорот дава флексибилност, дури и на непрофитните, недржавните институции за активности кои што им се надвор од државата, ако се финансирани од буџетот, тогаш се употребува промена на името, или во духот на Северна Македонија. Денеска ќе ја отвориме таа дебата и ќе го искористиме конгресот. Има убави креативни решенија, никаде нема Социјалдемократи од Норвешка, од Шведска или од Словенија или слично. Постојат неколку видови на решенија кои што секако се можност, можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз од каде? Од Република Северна Македонија. Можеме да бидеме Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија СДСМ. Можеме да го задржиме името на партијата ако немаме меѓународни активности финансирани од државата. Партијата како и сите политички субјекти доминантно се финансира од буџетот, секако еден дел е од нашата чланарина, од донации како што е пропишано по закон. Можеме да направиме јасно разграничување со книговодствена евиденција за тоа што е надвор од државата, можеме како што кажав да си останеме комплетно Социјалдемократски сојуз на Македонија, тоа е регулирано во Договорот, но јас секако верувам дека ние треба да бидеме пример. Денешната дискусија примарно ќе се води во делот на затворање на едно поглавје како исполнување на стратешки агенди на СДСМ како важен политички субјект во Република Македонија и отворање на новата ера што ја дефинираме пред нас и на тоа прашање гледаме од глобален аспект.
П6: Деновиве е актулено прашањето за вработување на роднини на одредени функционери на вашата партија во државни институции, како ќе објасните дека овие лица се примени затоа што ги исполнувале критериумите, а не затоа што се членови или се блиски на членови на вашата партија?
Бидејќи ова е актуелно прашање што ги засега граѓаните, денеска на работните состаноци во Владата, ја отворивме оваа тема за да направиме конкретна анализа и проверка на оваа работа. Ќе ги видиме сите постапки како се направени. Знаете, во последната година имаме 40.000 вработувања, доминантно во приватниот сектор, но еден значаен дел се и во јавните институции на испразнети места. Ќе ја направиме анализата, ќе ги вивиме постапките, секаде кадешто ќе има привилегии, протекции или какво било влијание, секако ќе побараме повлекување на таквите вработувања, заради тоа што навистина сакаме да испратиме порака дека сите во општеството, па дуи и децата или кој било на некој функционер имаат шанса во оваа држава. Зборуваме за 20 места од 40.000 или еве нека се 25.000 рабтни места во јавни, општински, државни институции или јавни претпријаија, но дури и да сае работи и за две работни места треба тоа да е транспарентно, да се покаже пред граѓаните. Не бегаме од одговорност, ќе ја видиме секој можност, како тоа е направено, дали имало комептитивност, кој биле критериумите, како е завршено и се ќе соопштиме на јавноста и доколку има неправилност, ќе бараме и одговорност за сето тоа.
П7: Како да ја сфатиме изјавата на Манчевски дека членовите на СДСМ 10 години биле дискриминирани, па сега да се вработуваат? Дали треба да чекаме сега СДСМ 10 години да вработуваатза да бидат на исто на ниво со ВМРО-ДПМНЕ.
Не би се сложил, заради тоа што навистина сега има транспарентни постапки. Еве последниот пример со АНтикорупциска комисија, кој го кажувам како добар пример, но има и многу други примери. Јас, како претседател на една од поголемите политички партии, одговорно ви кажувам дека ниту една од партиите, па ниту СДСМ нема таков притисок како што бил порано. За жал, причината е грока, а тоа се миграциите, заминувањето на луѓето. Се вработуваат граѓани кои не се припадници на политички партии, рамноправно од етничките заедници, процентот на застапеност е зголемен насекаде. Но, веројатно имаме и слабости при нашето функционирање и затоа реков ќе побараме одговорност ако некаде тоа вработување е направено на несоодветен, незаконски начин, кадешто секој треба да си ја понесе одговорноста. Не е доволно само да се повлече или раскине договор, ако било прекршено некое законско правило, но тој што го прекршил законот да одговара како што е пропишано. Ќе ги соопштиме сите податоци, дадов насоки да се извлечат анализи од секоја поединчена институција. Потврдувам дека и должиме на јавноста одговори за овие прашања.