Соопштение за јавност
За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски влезот во НАТО и интеграцијата во ЕУ било обесчестување и обезличување на државата.
Не. Антизападните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со историскиот успех на Македонија.
По години изолација, уназадување и поделби, Македонија денес е горда исправена, рамноправна со целиот демократски свет.
Потпишан е Протоколот за пристапување во НАТО, отворен е патот за почеток на преговори со ЕУ, обезбедена е сигурна и безбедна иднина за државата и нејзините граѓани.
Наспроти лагите на ВМРО-ДПМНЕ, согласно уставните измени и усвојувањето на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на Грција, започната е реализацијата на точките од Договорот од Преспа и новото уставно име на државата кое ќе биде Република Северна Македонија.
Наместо празни обиди за да го девалвираат историскиот успех, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се подготват за пораз на какви било избори.
Скопје, 11.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА