fbpx

Маричиќ: Ова раководство на ДПМНЕ сака да ја одигра картата на вето и да го блокира членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата 360 на МТВ истакна дека не никаква оска на СДСМ и ДУИ со Никола Груевски, тоа што ДПМНЕ сака да го прикире внтраешниот судир на Мицкоски и Груевски нема да му помогне со фрлање етикета врз владината коалиција.

-Тоа што ДПМНЕ сака да го покрие, прикрие, или забошоти сериозниот внатрешен судир што го имаат Груевски и Мицкоски нема да помогне фрлајќи етиката врз владината коалиција дека припаѓаме на некава оска, постојана оска е Мицкоски-Груевски и таа пука очигледно бидејќи двајцата не можат да си ги заштитат своите интереси на начин што сметаат дека треба, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека во ДПМНЕ постојат поделби на повеќе основи, една од нив се личните а друг основ се и уставните измени.

Убеден сум дека во ДПМНЕ има луѓе, кои ја разбираат тежината на ситуацијата. Разбираат дека ставањето на својата држава во политичко заложништво на водството на ДПМНЕ ќе значи одвојување од Албанија на среден рок, ставање на Северна Маедонија со БИХ и Косово и можеби на долг рок ставање на прашање на реална шанса за интеграција, нагласи Маричиќ.

Тој истакна дека, постојат и такви шпекуации дека ДПМНЕ намерно го прават тоа за да отворат пат за други држави и да отврат пат на себе да јаваат на бранот на популизмот, како што го правеа тоа меѓу 2008 и 2017 година.

-Тоа ќе им биде и карта за успорување на процецот, а убеден сум дека постои комуникација на ДПМНЕ со структруи во Бугарија и со структури со други држави во региониот, а која е целта нека објасат самите, рече Маричиќ.

Маричиќ рече дека ДПМНЕ претставуваат нереално, односно немаат план, а грижа на СДСМ е дека ќе ја внесат државата во долгогодиша блокада, која ќе биде на штета на државата и на граѓаните.

Картата на ветото овој пат ќе ја изигра ДПМНЕ и ќе го блокира целиот регион со оваа одлука, нагласи Маричиќ.

Маричиќ додаде дека политичката игра ја засенува содржината на уставни измени.

Ние имаме неспорни уставни измени, дискутриани, напишани од експертка група и никој па дури ни ДПМНЕ не кажа што е спорно во тие уставни измени, зошто треба да се блиокриаме сами себе заради внесување на Бугарите како заедница во Уставот, вистинската тема не се уставните измени, вистинската тема е дали опозицијата сака да влеземе во ЕУ до 2030 година или не, рече Маричиќ.

Јас сум убеден дека СДСМ има реална шанса да победи на наредните избори. Не верувам дека антиевропската политика на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и дека е одржлива за победа и за формирање на влада, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата 360 на МТВ.

Последни вести