fbpx

Мицкоски е анти ЕУ политичар кој освен блокади друго не знае

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски е анти ЕУ политичар, кој освен блокади и опструкции на европскиот пат на државата и членството во ЕУ, друго не знае.

Мицкоски и неговото антизападно ДПМНЕ немаат поддржано ниту една одлука за евроатлантските интеграции на државата.

Не го поддржаа ниту членството во НАТО, ниту Преспанскиот договор.

Ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор со ЕУ потпишан на македонски јазик.

Под заложништво на проруската Левница организира протести против европскиот предлог, ги плашеа граѓаните со лаги за бугаризација и асимилација.

Антизападното ДПМНЕ, на чело со Мицкоски е главен кочничар на европската интеграција.

Со своето неразумно делување, ја блокираат европската иднина на државата, блокираат подобар животен стандард на граѓаните, повисоки плати и пензии, подобри можности за компаниите, пристап до пазар од 500 милиони жители, пристап до европските фондови.

Затоа СДСМ ќе направи сѐ за државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард.

Последни вести