fbpx

11 години лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ оставија само оградена дупка, новиот Клинички центар е историска инвестиција во здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да изгради нов, модерен Клинички центар но не го направи!

Наместо нов клинички центар ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминални тендери и сопоствено богатење. Наместо грижа за граѓаните, Христијан Мицкоски се грижеше само за бизнисите со хидроцентралите што ги доби од владата на Никола Груевски кадешто беше советник.

Ниту збор не прозборе за нов Клинички центар лицемерниот Христијан Мицкоски.

Огромната дупка заградена со лимени тараби сведочи за лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе изгради Клинички центар. Токму таа дупка е показател за сето она што ВМРО-ДПМНЕ 11 години го направи во здравството – едно огромно ништо!

За разлика од таквиот неодговорен и несериозен однос кон медицинскиот персонал и здравјето на граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку одговорни политики инвестира во ефикасен и модерен здравствен систем.

Новиот Клинички центар е историска инвестиција во здравството, Македонија за првпат по 80 години ќе добие нов Клинички центар што трајно ќе ја реши потребата од интегрирани здравствени услуги за граѓаните.

Досегашниот проект за изградба на Клинички центар на постојната локација не е најдобрата опција за натамошно функционирање бидејќи невозможно е да се потигне добро сообраќајно и паркинг решение, а многу брзо ќе се јави потреба за нови, дополнителни инвестиции за санација на останатите дотраени згради во комплексот. Со тоа, новиот проект за изградба на нов Клинички центар, на долг рок е поветин и поефиксен.

Особено ако се има предвид дека предвидени 140 милиони евра не ги опфаќаа сите клиники.

Владата предводена од СДСМ останува посветена во инвестирање во здравството и градење на квалитетен, модерен и ефикасен здравствен систем кој обезбедува навремени и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.

Скопје, 07.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести