fbpx

Изминуваат две години локална власт, ДПМНЕ ги има нај неспособните градоначалници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На половина од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и над 40 општини низ државата заклучокот е дека градоначалниците на ДПМНЕ целосно ги разочараа граѓаните.

По две години локална власт на ДПМНЕ јаснo е дека ветеното пред граѓаните не се реализира, нема нови проекти, нема развој.

Од Скопје неспособните градоначалници на ДПМНЕ создадоа една голема депонија, создадоа нечист и нефункционален град кој се уназадува.

Во Скопје не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

Нема бесплатен јавен превоз, нема нови еколошки 250 автобуси, јавниот превоз е во хаос, јавните претпријатија се пред колапс.

Истото го гледаме и низ другите општини водени од градоначалници на ДПМНЕ.

Нема нови проекти но затоа ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните со повисоки сметки за комунални услуги.

ДПМНЕ ги има најнеспособните градоначланици. Со ДПМНЕ општините две години назадуваат наместо да напредуваат.

Последни вести