Соопштение за јавност
На половина од мандатот на ДПМНЕ во Скопје ниту едно од ветувањата дадени пред граѓаните не се реализирани.
Нема бесплатен јавен превоз, а едно време во изминативе две години воопшто немаше јавен превоз.
Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси.
Проектот за еколошки, брз транспорт БТР, е стопиран.
Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс.
Поради неспособноста на ДПМНЕ страдаат граѓаните на Скопје.
Наместо модерно Скопје, со ДПМНЕ граѓаните добија заглавен град во хаос.