fbpx

Историски момент за државата и граѓаните, се оствари сонот на многу генерации, Македонија го доби своето место во НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Историски моменти за државата и сте наши граѓани. Се оствари сонот на многу генерации, Македонија денеска го доби своето место во НАТО.

Потпишан е Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот- НАТО алијансата.

По години изолација, уназадување и неизвесност, Македонија седнува на иста маса со државите од демократскиот свет.

Влегувањето на Македонија во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на границите. Носи економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.

Дури ниту на ваков исторски ден за Македонија, за нејзините граѓани, ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да им честита на граѓаните, на пратениците, на Владата, на сите кои дадоа придонес за големиот успех. Наместо честитки ВМРО-ДПМНЕ лицемерно, дволично и денеска се обиде да изнесе невистини.

Граѓаните многу добро знаат кој беше против Договорот од Преспа, кој ги кочеше реформите, кој се обидуваше да ја блокира иднината на Македонија во НАТО.

Успехот на Македонија е најголем пораз за деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Христијан Мицкоски.

Скопје, 06.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести