Соопштение за јавност
Потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО е најголемиот пораз за осудениот криминалец Никола Груевски, неговите криминални и антидржавни политики и неговиот пион Христијан Мицкоски.
11 години криминалецот Груевски ја држеше Македонија во заложништво, во изолација само со една цел криминално да се богати на сметка на осиромашените граѓани и држава.
Денес, кога Македонија седнува на своето столче во најголемиот безбедносен сојуз, криминалецот Груевски од Будимпешта се јави со нови насоки на неговиот пион Христијан Мицкоски.
Залудно Груевски се обидува да му дава инструкции на Хидро Мицкоски, нема да успеат, граѓаните ги поразија, нема да ја вратат Македонија во темното минато на криминал, неизвесност и изолација.
Македонија го доби своето место во НАТО.
Иднината на Македонија во ЕУ и НАТО, а иднината на криминалецот Груевски е во затвор, на издржување на казната што судот му ја одреди.
Скопје, 06.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА