Соопштение за јавност
Бараме јавно од сите надлежни институции и даваме поддршка да се обелодени дали кога и кој правел злоупотреба на онкологија, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во рамките на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Коциќ нагласи дека во собранието се изгласани 1,5 милијарда денари за да се лекуваат тие пациети.
Секој што се осмелил да ги злоупотреби тие пари да биде обелоденет и да одговара пред органите на државата, повика Коциќ и упати повик сите да се стават над состојбата.
Во иднина никој не смее да си дозволи такво нешто и тука политика нема. Мене не ме интересира дали докторите се од една, друга, трета, петта партија, која националност или веросиповест. Ме интерсира парите за кои сум гласал да се дадат на луѓето, порача Коциќ.