fbpx

Се намалува инфлацијата, економијата расте и во време на криза, СДСМ го штити стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Економските политики на СДСМ даваат конкретни резултати, инфлацијата се намалува, се намалија и цените на огромен број прехранбени производи а економијата расте и во време на криза.

Успешноста на економските мерки и политики на СДСМ е потврдена и од Меѓународниот монетарен фонд, кој ги подобри проекциите за македонската економија со раст од 2.5 проценти.

Економските, социјалдемократски политики во време на глобални кризи, пост-ковид, енергетска и економска, како и војна на европскиот континент, го заштитија стандардот на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ во изминатите кризни години спроведуваше мерки за заштита на стандардот на сите граѓани, пред се за најранливите категории граѓани, за зачувување на работните места, за помош и поддршка на компаниите, за земјоделството.

Со над 110 мерки, донесени во пикот на кризата, поделени во 6 пакети со вкупна вредност од околу 1,2 милијарди евра, директно се ублажија последиците од кризите.

Истовремено со системски решенија за минималната плата и методологијата за усогласување на пензиите се обезбеди стабилност, предвидливост и континуиран раст на приходите на граѓаните.

Минималната плата од 8.800 денари во 2017 година ја покачивме на 20.175 денари, просечната плата, која во март 2017 година изнесуваше 22.445 денари сега е над 36.000 денари.

Просечната пензија ја зголемивме за 47 отсто, додека минималната пензија е покачена за 60 отсто.

Истовремено со зголемување на приходите, стандардот на граѓаните се заштитува со мерки за намалување и гарантирани цени на основните прехранбени производи.

Доколку за време на последниве три години Владата не ги спроведеше мерките за заштита на стандардот на граѓаните, денес сликата ќе беше значително полоша.

Социјалдемократските политики гo заштитија и ќе продолжат да го заштитуваат стандардот и да ја подобруваат благосостојбата на сите граѓани.

Последни вести