fbpx

Кирацовски на средба со градоначалничката Арифи: Тетово дава позитивен пример во процесот на градење едно општество за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Кирацовски денеска оствари средба со градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи.

На средбата, Кирацовски и Арифи разговараа за актуелни прашања и теми кои ги засегаат граѓаните на Тетово и Полошкиот регион, ставајќи акцент на проектите од инфраструктурата, животаната средина и локалниот економски развој.

– Како парламентарно мнозинство определени сме да работиме во интерес на граѓаните и да ги следиме нивните потреби. Бројните законски решенија што ги донесовме во Собранието го подобруваат животот и обезбедуваат привилегии за сите граѓани, вклучувајќи ги и граѓаните на Тетово. Тетово е една од позначајните општини во Македонија и како пратеник останувам посветен на продлабочување на соработката со локалната самоуправа во носење на квалитетни политики што се во интерес на општината и граѓаните, посочи пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Кирацовски.

Кирацовски изрази задоволство од примерот што Општина Тетово го дава во изградбата на концептот на едно општество за сите, подвлекувајќи дека таквиот пример треба позиитвно да влијае и врз другите локални самоуправи со цел Македонија да стане препознатливо општество на еднакви граѓани.

Скопје, 31.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести