Соопштение за јавност
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, денеска беше во посета на Тетово, по повод одбележувањето на православниот верски празник во чест на светецот Атанасиј.
– Задоволство ми е што денеска, на овој верски празник сум меѓу граѓаните на Тетово. Чествувањето на овој ден, традиционално овде во Тетово ги зближува луѓето и дава пример за заедништво, пријателство, меѓусебно помагање и разбирање. Токму тие универзални, човечки вредности, нè водат напред по патот на напредокот, по патот кон подобро утре за нас и нашите деца. Нека е честит денешниот празник Свети Атанасиј, порача генералниот секретар Кирацовски.
На сите православни верници и кои го слават денешниот празник генералниот секретар Кирацовски им посака мир, здравје, среќа и благосостојба.
Скопје, 31.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА