fbpx

Устамитова: СДСМ во континуитет креира политики кои покажуваат вистинска грижа за пензионерите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со конкретни мерки СДСМ покажа вистинската грижа за нашите највозрасни сограѓани, рече денеска Елена Устамитова, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ на средбата со пенизонери во општина Карпош.

– Преку одговорен инклузивен пристап успеавме од 2017 година до сега пензиите да ги зголемиме за 40 проценти. Преку новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедивме системско решение за постојан раст на пензиите за спокоен и достоинствен живот на пензионерите , односно со трите усогласувања во 2022 и 2023 годи на пензиите пораснаа зa 24 проценти. Усогласувањето на пензиите според швајцарски модел ќе биде два пати годишно и се врзува за порастот на трошоците за живот со 50 проценти и за растот на просечната плата за 50 проценти, рече Устамитова.

Надосместок до пензија, а потоа и пензија обезбедивме и за стечајните работници, а за оние лице кои не ги исполнуваа условите за стекнување пензија, обезбедивме социјална пензија која денес ја користат повеќе од 4.300 лица, додаде таа.

Исправивме една голема неправда со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ветивме и реализиравме намалување на старосната граница за пензија за рударите коишто работат во подземен коп, потенцираше Устамитова.

-Досега според овој Закон во пензија се заминати 53 рудари. Со законските измени рударите остваруваат право на пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени излеговме во пресрет на долгогодишните барања на рударите. Во време на најголема светка економска и енергетска криза, за сите 330.000 пензионери обезбедивме дополнителна финансиска помош во период од три месеци, а за пензонерите со ниски пензии обезбедивме и субвенционирање на сметките за електрична енергија, рече претседателката на комисијата на СДСМ за труд и социјална политика, Елена Устамитова, на денешната средба со пензионерите од општина Карпош.

Последни вести