fbpx

2 години локална власт Муцунски и ДПМНЕ ги изневерија граѓаните на Аеродром!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На половина од мандатот на локална власт во Аеродром предводена од ДПМНЕ и Тимчо Муцунски, резултатот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.

Иако наследи полна општинска каса сепак листата на нереализирани, а ветени проекти на ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за Аеродром е многу долга.

Ги нема четирите ветени нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче. Го нема ни долго најавуваниот парк Радост на 6000 метри квадратни.

Ги нема ниту новата гимназија, новиот мултифункционален центар со простории за младински центар, новата општинска зграда, како што ги нема и новиот СЦ Пирин и спортската сала во Долно Лисиче.

Ја нема ни кино салата и театарската сцена во Ново Лисиче. Исто така го нема ниту ветениот музеј на МЗТ.

Муцунски вети зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари, стипендии за млади таленти, но и тие се само дел од многуте ветени лаги, исто како што е и лагата легализација на сите објекти на територија на општина Аеродром.

По 2 години локална власт, Муцунски и ДПМНЕ ги изневерија граѓаните на Аеродром!

Последни вести