fbpx

ДПМНЕ има нула резултат на локално ниво, ги разочараа граѓаните на Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ на половина од мандатот како локална власт има нула резултат.

Големо е разочарувањето на граѓаните на Штип, кои од ДПМНЕ и градоначалникот Иван Јорданов не добија ништо, освен повисоки цени на јавните услуги и тоа историски најголемо покачување за 110% за собирање смет, цената за одржување на градското зеленило е покачена за 10 пати, паркирањето за 50 %, данокот на промет за над 30 %.

Истовремено листата на ветени, а нереализирани проекти е огромна.

Проектите на Јорданов со рок за реализација до 2022 стојат само на хартија.

Нема огромен градски парк со езера, места за спортување и одмор кај Мирјанина црква ниту е решена дивата депонија, не е реконстриурана Бања Кежовица, не е изградено достоинствено место за претстој на улични животни, нема унапредување на условите во зоолошката градина, не е направено уредување на вливот на река Отиња во река Брегалница, нема здрав оброк за секое дете, ниту униформи за учениците од основно образование, ниту компјутери.

Од друга страна единствени проекти кои во општина Штип се реализираат се оние со целосно финансирање и поддршка од централниот буџет и Владата на СДСМ.

Јорданов наместо да ги реализира ветените проекти, преку своите секојдневни изјави или се жали и правда за својата неспособност или се заканува, потсетувајќи на најмрачните времиња од владеењето на ДПМНЕ.

Многу ветувања, многу лаги, резултат нула, а ниту збор за криминалите и скандалите поврзани со неговите најблиски соработници.

ДПМНЕ и Јорданов ја изневерија довербата на граѓаните на Штип.

Последни вести