Соопштение за јавност
2 години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата којашто ја доби на локалните избори.
Резултатот на локалната власт на ДПМНЕ во над 40 општини е 0 проекти и безброј нереализирани ветувања од изборните програми.
Дополнително во општините под капа на ДПМНЕ граѓаните плаќаат поголеми сметки.
Речиси и да нема градоначалник од оваа партија којшто не ги зголемил цените за данок на имот и до 300%, за ѓубретарина, вода, комунални услуги, паркинг.
Наместо развој локалните власти на ДПМНЕ озбезбедија нови долгови и партиски вработувања.
На половина од мандатот на виделина исплива поразителната неспособност на градоначалниците од ДПМНЕ.
ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните.