fbpx

Лукаревска: Наредната година ќе имаме редовни избори, законските рокови ги дефинираат термините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наредната година ќе имаме редовни избори, законите и уставот ги дефинираат редовните термини, нашиот став го следи принципот на законодавството, еден термин за претседателски, еден за парламентарни, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во интервју за емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

-Ние го следиме принципот на законодавството, еден термин за претседателски и еден термин за парламентарни избори, согласно законски утврдени рокови за редовни избори. Ако се сеќавате добро ние на ДПМНЕ им понудивме да ги гласаме уставните измени и да одиме на избори, но тоа не се прифати. Го слушаме и повикот на претседателот на Собранието, дека ќе почека до Нова Година партиите да се усогласат за термин за одржување на изборите. Очекувам во наредниот период да се формираат соодветни работни групи кои ќе разговараат на оваа тема. Ние сме за одвоени избори, опозицијата е за заеднички. Но, преку разговор и дијалог може овие работни групи да го најдат соодветното решение., рече Лукаревска

Во однос на шпекулациите за наводно неуспешни избори Лукаревска додаде дека државата и граѓаните заслужуваат успешни избори и парламентарни и претседателски.

Во СДСМ се уште не е почнат процесот за избор на кандидат за претседател на државата, додаде таа.

-Се уште не е започнат процесот за избор на кандидат за избор на претседателки кандидат. Или на крај на ова или на почеток на наредната година би започнала процедурата. Од најниските партиски организации до највисоките. Секако и со вклучување на коалициските партнери од нашата коалиција, додаде Лукаревска.

СДСМ ќе ги има победничките пратенички листи, СДСМ ќе победи на наредните парламентарни избори, децидна беше Лукаревска.

Последни вести