fbpx

Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски, Законот е одложен, се наоѓа решение во интерес на пазарџиите и економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародниот Христијан Мицкоски продолжува со лажната загриженост и со лицемерието кон граѓаните.

11 години Хидро Мицкоски мислеше на сопствените интереси, на бизнисите со хидроцентралите кои ги доби од неговиот ментор Никола Груевски. 11 години Мицкоски не прозборе ниту збор за пазарџиите, за земјоделците, за граѓаните.

Сега, уплашен од поразот што го чека на изборите, Мицкоски без идеја, без програма, лицемерно глуми загриженост.

Доцни Хидро Мицкоски 11 години, доцни и сега , откако веќе законското решение е одложено. Пазарџиите можат да бидат спокојни,  ќе се најде вистинското решение кое ќе биде во интерес на економијата, земјоделците и пазарџиите.

СДСМ секогаш била во заштита на интересите на граѓаните, така ќе биде и овојпат. Со компромис и меѓусебно разбирање градиме едно општество за сите граѓани.

 

Скопје,25.01.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести