Соопштение за јавност
Милијарда евра од ЕУ за поддршка на македонската економија со отворање на единствениот пазар и големо регионално поврзување е шанса којашто не смееме да ја пропуштиме, рече денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибина „Резултати што прават разлика“ во Струмица.
-Гласноста на лажните патриоти имаше за цел да ја потисне веста дека Европската унија изготви План за раст на економиите на Западен Балкан. Овој план има за цел да го подигне економското ниво за да го приближи нивото на животниот стандард на жителите од Западен Балкан со жителите на Европската унија до членство. Отворањето на големиот европски пазар е голем поттик и за нашата економија. Станува збор за 6 милијарди неповратна поддршка со отворање на единствен пазар и поголемо поврзување на регионалните пазари. Тоа е голема шанса која не смееме да ја пропуштиме и убедена сум дека нашата економија нема да ја пропушти, рече Лукаревска.
Тука мислам и на земјоделците, на производството на храна и на вино, додаде таа.
-Нам ни се познати светските пазари, но сега на дофат ни е големата шанса. И ние, ниту досега ниту отсега, нема да ги оставиме оние кои егзистираат од земјата зашто сите ние во суштина живееме од таа земја. Тоа е ставот на СДСМ, затоа ни е потребно членството за повеќе пари кај граѓаните, кај земјоделците, во стопанството, економијата, рече заменик претседателката Лукаревска денеска во Струмица.