fbpx

Лукаревска: Грантови и до 20 илјади евра, силно ги поддржуваме жените во земјоделската дејност и младите земјоделци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Политиките на СДСМ во земјоделството значат и силна поддршка на жените во земјоделската дејност но и на младите земјоделци, за што воведовме грантови и до 20.000 евра, рече денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибина „Резултати што прават разлика„ која под слоганот „Македонското земјоделство на европскиот пат“ се одржа во Струмица.

-Воведовме грантови за поддршка на жените во земјоделската дејност. Како што расте нивниот интерес така ја зголемуваме поддршката. Преку грантови, ги поддржуваме младите земјоделци. Грантови од 10 и 20 илјади евра, 40 проценти авансна исплата и 3 години ослободување од трошоците за закуп на земјоделско земјиште. Во процес сме на креирање на нова, посебна програма за млади фармери. За прв пат, донесовме програма за мајчинство преку кој жената земјоделка добива надомест за новороденче. Работиме на системско решение кое ќе и овозможи поголеми права како мајка. Земјоделците, жените во земјоделската дејност и младите земјоделци ја имаат поддршката од СДСМ и таа ќе се зголемува, рече Лукаревска.

Последни вести