Соопштение за јавност
Скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ освен симбил за криминалот и корупцијата, стана база за секојдневно ширење лажни вести.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за криминал, партизација и злоупотреба на институциите не може да се помири и да разбере дека институциите се професинализираат, вработувањата се согласно план, програма и потреба, и за сите важат истите услови и критериуми.
Навикнати на масовна партизација и злоупотреба на институции пред избори, опозицијата се обидува да гледа наводни скандали во активности на државни и јавни претпријатија кои се сосема редовни, согласни со правилата и потребите за вработување.
Времето на непотизам и партизација на институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Македонија сврте нов лист, државата тргна напред. Платите растат, се отвораат нови работни места, сега секој има подеднаква шанса за вработување и за секого важат истите законски услови.
Мерките на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат професионални и независни институции, подобри услови за работа, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за граѓаните.
Скопје,25.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА