Соопштение за јавност
Антинародниот Христијан Мицкоски продолжува безобразно да лаже и да глуми загриженост.
Не е точно дека нема раст на пензиите, не е точно ниту дека ќе има кратење на пензиите како што лаже Мицкоски.
Статистичките податоци ги демантираат лагите на Мицкоски и јасно покажуваат раст на просечната пензија која во септември 2016 година изнесувала 13.754 денари, а во 2018 година изнесувала 14.421 денари.
Наместо да лаже зад однапред снимени видеа, Мицкоски да им се извини на пензионерите што неговата ВМРО-ДПМНЕ го укина законското усогласување на пензиите, манипулираше со пензионерите пред избори, а поради криминалните политики зад себе ВРМОТ-ДПМНЕ остави огромен дефицит во фондот за ПИОМ со што им наштети на сегашните и идни пензионери.
За разлика од таквиот неодговорен однос, Владата предводена од СДСМ, обезбедува редовна исплата, континуиран и стабилен раст на пензиите. Со закон е дефинирано дека пензиите редовно ќе се усогласуваат со трошоците за живот и тоа два пати во годината, а воведена е законска одредба за усогласување на пензиите, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален раст повеќе од 4 отсто.
Економските показатели ги демантираат сите лаги на антинародниот Мицкоски. Растот на просечната плата во ноември 2018 од 5,8 отсто во однос на ноември 2017, намалувањето на невработеноста на 20,8 отсто, растот на извозот, индустриското производство и работниците во индустријата, се само дел од податоците што покажуваат дека економијата се движи во вистинска насока.
Наместо да шири лажни вести и да се крие зад снимени обраќања, Мицкоски нека учи економија, нека учи како се работи во интерес на граѓаните.
Скопје,23.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА