Соопштение за јавност
СДСМ успеа да спроведе соодветна постапка со што започнува реализација на стратешкиот и исклучително важен енергетски проект Чебрен, инвестиција вредна над 1 милијарда евра.
Со овој нов енергетски капацитет може да се задоволат потребите на 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија .
Чебрен е огромен енергетски капацитет кој позитивно ќе влијае на енергетската независност на земјава.
ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект ќе се реализира.
Со успешната постапката којашто ја спроведе СДСМ заштеди 100 милиони евра, пари на граѓаните.
Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година со Одлука го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор, 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен.
СДСМ, со измена на таа одлука го внесе Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен.
Тоа е суштинска и огромна разлика со која се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните.