Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на Сваровски судството е навикната да врши притисоци, да им се заканува и да им диригира на обвинителите и судиите како да работат како што тоа го правеше за време на 11 годишното криминално владеење.
Таквото време на притисоци, закани, уцени, нарачани предмети и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, обвинителствата, судовите работат професионално во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Секој што постапувал незаконски ќе одговара за своите постапки, никој не е и нема да биде над правдата.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски треба да престане со заканите и да ги остави обвиителските и судските органи да ја вршат својата работа професионално, независно и ослободени од секакви притисоци.
Скопје, 22.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА