fbpx

Скандал „кумска врска“: тендер за кумашинот на градоначалникот, така ДПМНЕ „работи“ во Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Општина Штип, раководена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумска врска за тендер на ЈП Исар.

Тендер вреден 20.000 евра е доделен од ЈП Исар на фирма на чии сопственици се во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар, Методи Јорданов, поточно нивни зет.

Дополнително освен што е во роднинска врска со сопствениците на фирмата Методи е кумашин токму на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Оваа кумска врска во општина Штип е уште една во низата скандали на градоначалникот Јорданов, по скандалот со Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова и нејзината дивоградба, скандалот со јавна набавка во детската градинка “Астибо”, скандалот со проневера на нафта во којшто бил вмешан близок човек на Иван Јорданов.

Тендери од илјадници евра завршуваат кај сопартијци и роднини на градоначалникот Јорданов.

Така ДПМНЕ „работи“ во Штип.

Последни вести