fbpx

Не ја оправдаа довербата, две години локална власт на ДПМНЕ, нула резултати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По две години од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ во 40-тина општини во државата заклучокот е поразителен: нула резултати, безброј нереализирани проекти и неисполнети ветувања, задолжени и партизирани општини, повисоки сметки за граѓаните.

Разочарувањето на граѓаните е уште поголемо, бидејќи наместо прогрес и проекти за унапредување на општините, добија назадување и повисоки сметки за комунални услуги.

Во Велес 100% ги поскапеа цените за собирање на отпад. Во Битола данокот на имот е покачен за 300 %.

Прилепчани плаќаат и до 300 отсто повисок данок на имот, сметките за комунални услуги се поголеми за 67 отсто, поскапени се и паркингот и јавниот градски превоз.

Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%.

Градоначалниците на ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните и во Штип, Охрид, Неготино, Гевгелија и во други општини.

Додека ги зголемуваат сметките за граѓаните, градоначалниците на ДПМНЕ се луксузираат, како градоначалникот на Охрид, кој е на ексклузивно крстрење или првиот човек на Кисела Вода, кој носи часовник од 8.000 евра и даваат тендери на сопартијци и роднини, како градоначалникот на Штип.

ДПМНЕ покажа уште еднаш како практицира власта. Преку своите градоначалници докажува дека е непроменета партија, дека не и се битни интересите на граѓаните туку единствено партиските и личните бизнис интереси.

ДПМНЕ на је оправда довербата на граѓаните

ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт досега.

Последни вести