Соопштение за јавност
ДПМНЕ наутро праќа соопштенија за Левица тврдејќи дека се Хамас а Мицкоски навечер вели дека ќе коалицира со Левица, дека ќе се договара со нив за вредностите, кои се тие вредности? , рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во дебата на Само Вистина на Канал 5 со портларолката на ДПМНЕ.
-Очаен е овој потег на Мицкоски за коалиција со Левица, тоа го покажува неговото вистинско лице на луѓе кои работат против интересот на граѓаните, рече Кузеска.
Техничка Влада сто дена пред изборите ќе има потенцираше Кузеска, посочувајќи дека за следни изборни циклуси треба да се случи нејзино укинување.
-СДСМ во изминатите години создаде соодветни демократски услови за фер избори и може да се разговара за укинување на техничката влада но за изборните циклуси во иднина. Ова на ДПМНЕ е театар, рече Кузеска на Канал 5 Телевизија.