fbpx

Растот на прометот на Македонската берза е придобивка од придвижувањето на интегративниот процес, се враќа довербата во економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Растот на прометот на Македонската берза во 2018 година од речиси 120 отсто во однос на 2017 година е уште една потврда дека се гради стабилна деловна клима, се враќа довербата во македонската економија и оптимизмот кај инвеститорите.

По растот на платите, зголеменото индустриско производство, растот на извозот и растот на бројот на вработени, зголемувањето на годишниот промет на Македонската берза е уште еден во низата показатели за успешноста на економските политики што ги спроведува Владата предводена од СДСМ.

Со забрзувањето на интегративните процеси, со членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ, ваквите позитивни економски трендови дополнително ќе се интензивираат и ќе обезбедат забрзан економски раст, повеќе инвестиции и нови работни места.

Владата предводена од СДСМ продолжува со зацртаните мерки што ја поставуваат економијата на стабилни основи, обезбедуваат раст и развој, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Скопје, 16.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести