fbpx

Градоначалникот од ДПМНЕ, Бобан Стефковски зема 1.500 евра плата додека ги задолжува граѓаните на Гази Баба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалниците на ДПМНЕ земаат 1.500 евра плата, додека удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комуналии.

Додека земаат 1.500 евра плата градоначалниците на ДПМНЕ им наплаќаат поскапи комуналии, вода и паркинг на граѓаните а такви се примерите во општините Прилеп, Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот од ДПМНЕ Бобан Стефковски пак зема 1.500 евра плата а ги задолжи граѓаните на Гази Баба со нови 5 милиони евра.

Јасно е како ден, градоначаланиците од ДПМНЕ ништо не работата за граѓаните само за себе и својот џеб.

ДПМНЕ не се грижи за граѓаните.

Последни вести