fbpx

Лукаревска: СДСМ ќе го предводи Европскиот фронт и ги повикува сите партии и граѓански организации да се приклучат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ ќе го предводи Европскиот фронт и ги повикуваме сите политички партии, невладини организации, граѓани, да се приклучат, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за Телевизија 24.

-СДСМ ќе води за да продолжи европскиот пат на земјата. Окрупнувањето преку тој Европски фронт е наша заложба и наша обврска. Ќе направиме јасна дистинкција кој е за државата да продолжи напред по европскиот пат, кој работи за доброто на граѓаните и развој на економијата а кој сака да не остави да тапкаме во место или да се враќаме назад кон изолација. СДСМ ги отвори вратите кон сите европски земји, кон стратешкиот партнер САД, ние јасно сме поставени за европската агенда и не смееме да дозволиме ризик за враќање назад, рече Лукаревска.

Тоа што ДПМНЕ вели дека не треба да има техничка Влада е комплимент за нас затоа што признаваат дека имаме демократски процеси кои ги гарантираат изборите, но можеме да разговараме за укинување од следните избори, додаде таа.

-На овие избори останува техничката Влада, СДСМ ги почитува коалициските договори и така ќе биде и на овие избори. Но, сакам да потенцирам дека техничката Влада којашто е предвидена во законот е влада којашто од технички аспект треба да ги спроведе изборите. Штом ДПМНЕ вели не сака техничка влада тоа е комплимент, затоа што признаваат дека имаме спроведување на изборите по демократски процеси, нешто што го немавме во минатото. Прижинската влада е синоним на едно недемократско владеење на ДПМНЕ, од страна на тогашната власт. За да имаат институциите демократски капацитет и да не прават притисок врз гласачкото тело. Тоа сега го нема но не смее да имаме селективна меморија, додаде Лукаревска во интервјуто на Телевизија 24.

Последни вести