fbpx

Михаилоски: СДСМ ги поддржува младите, 17 милиони евра добиваат студентите и учениците со новите мерки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ силно ги поддржува младите, со 9 тиот пакет антикризни мерки, издвоени се 17 милиони евра за студентите и учениците, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, во Студио 10 на Телевизија 24.
Михаилоски ја најави помошта за младите која вклучува над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците кои во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно.

Право на оваа мерка имаат семејствата со ниски примања до 50 илјади денари.
Студентите кои не учат во градот каде што се родени, 7 месеци ќе имаат право на ваучер за превоз, од 600 до 1.200 денари.
Од следниот семестар, субвенцираниот студентски оброк ќе се исплаќа на неделно ниво, па студентите ќе имаат на располагање 840 денари, средства што ќе можат да се трошат во текот на таа недела, наместо пo 140 денари дневно.

-Овој пакети на мерки се во вредност од 662 милиони евра и се за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот и енергетската криза. Да се потсетиме само колку Студентски домови отидоа во гипсот за проектот Скопје 2014 во времето на владеењето на Груевски, рече Михаилоски.

Михаилоски потсети и на мерката Гаранција за млади која им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука , да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување.

-Гаранцијата за млади која ја имаат студентите ја користат, иако земјата не е членка н ЕУ, а каде е обезбеден платена пракса со која е се стекнува искуство за понатамошно вработување на младите. ВМРО-ДПМНЕ само пред изборите ветува, и не сака да призне дека покрај трите кризи на светско ниво, Владата предводена од СДСМ успеа да се справи и речиси сите од регионот ги препознаа како како најдобри антикризни пакети и мерки, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Последни вести