fbpx

622 милиони евра кај граѓаните и компаниите, со СДСМ има повеќе за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Со мерките и политиките кои СДСМ ги реализира има повеќе за сите.

Кога велиме со СДСМ има повеќе за сите бројките силно, јасно и прецизно го потврдуваат тоа.

Го реализираме 9-тиот пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра.

Силно поддржуваме 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, 600.000 домаќинства како и над 70.000 компании.

Грижата за сите носи повеќе за сите.

Од независноста до денеска, досега, не се случило толку голема финансиски помош, толку многу пари некоја влада да пренасочи кон граѓаните и компаниите.

Ние во СДСМ сме горди на тоа. Само со 9 те пакети ние имаме над 2 милијарди евра пари вратено кај граѓаните.

Но, кога велиме дека со СДСМ има повеќе за сите не мислиме само на антикризните мерки, не мислиме само на помошта кога е енергетска криза.

Повеќе за сите е и фактот што СДСМ ја покачи минималната плата на 20.000 денари. За разлика од времето на ДПМНЕ кога беше едвај 9.000 денари.

Со СДСМ работниците имаат поголема минимална плата за над 120%. И минималната плата ќе продолжи да расте, затоа што со СДСМ работниците добиваат повеќе.

Повеќе за сите е и тоа што СДСМ ја зголеми просечната плата за 63,5% односно за над 15.000 денари.

Во времето на ДПМНЕ просечната плата беше 22.000 денари а со СДСМ денеска е над 37.000 денари.

Платите ќе продолжат да растат затоа што со СДСМ има повеќе за сите.

Просечната пензија во јануари 2016 година изнесуваше 13.076 денари, а денес е 19.062 денари, што е зголемување за 6,000 денари или за 52,9%. Минималната пензија исто така ја зголемивме за 50%.

И пензиите ќе продолжат да растат затоа што со СДСМ има повеќе за пензионерите.

Со мерката за поврат на ДДВ, досега имаме вратено над 100 милиони евра кај граѓаните. Се повеќе пари ќе завршуваат назад кај граѓаните, со СДСМ има повеќе за сите.

Повеќе за сите не е само политика и мерки, повеќе за сите е посветеност за граѓаните, за подобрување на нивниот животен стандард, но и за иднината на државата.

Последни вести