fbpx

Клучни 10 позитивни економски показатели и придобивки за граѓаните и фирмите во 2018 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По 11 години уназадување и економско осиромашување на граѓаните, во 2018 економијата се продвижи во вистински правец, има стабилен раст, пораснаа и платите, се повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните.

Планот за економски раст ги даде очекуваните резултати. Како клучни 10 позитивни економски показатели и придобивки во 2018 година се издвојат:

1.Раст на економијата во два квартала.  Во вториот квартал од 2018 година, економијата односно бруто домашниот производ порасна за 3,1 отсто. Во третиот квартал растот е 3 отсто.

2.Просечната плата се зголеми за 5.7% од почеток на годината. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажува раст на просечната плата и таа изнесува 24.817 денари.

3.Зголемена е миниминалната плата од 9 илјади на 12 илјади денари и важи за сите стопански гранки. 90.000 работници сега добиваат поголема минимална плата.

4.Отворени се нови 14 илјади работни места за граѓаните.

5.Порасна бројот на вработени во индустријата . Во периодот јануари – ноември 2018 бројот на работници во индустријата е зголемен за 6,3 отсто во однос на истиот период од 2017 година.

6.Раст на индустриското производство. Во период јануари – ноември 2018 индустриското производство бележи раст од 5.2% во споредба со истиот период лани.

7.Невработеноста се намали и сега изнесува 20.8 проценсти.

8.Зголемена е финансиската поддршка за земјоделците. Тоа придонесе, оваа година да се постигне највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари за килограм како и највисока откупа цена на грозјето (13.55 денари за вранец а 12.25 за смедеревка).

9.Извозот е за 16% повисок во однос на лани. 

10.Повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 18% во однос на минатата година, изнесува 370,7 милиони евра.

 

Скопје, 31.12.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 
Последни вести