Соопштение за јавност
Антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ продолжува со обидите неосновано да шири паника во јавноста преку пласирање на лажни вести.
ВМРО ДПМНЕ лаже дека довербата кон полицијата е 31 отсто, бидејќи нема ниту една анкета со таков процент
Напротив, последната анкета направена од ОБСЕ покажува дека 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно и сигурно.
Тоа е резултат постигнат поради независноста, професионалноста и ефикасноста на полицијата, која работи во интерес на граѓаните и заштита на законите.
Коалиции меѓу криминалот и власта се олицетворение на владеењето на антинародното ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, институциите функционираат независно и професионално, неселективно се постапува против секое прекршување на законите.
Министерството за внатрешни работи продолжува да работи одговорно и посветено, како вистински парнер и заштитник на граѓаните кои се безбедни и сигурни.
Скопје, 30.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА