Соопштение за јавност
Времето кога криминалот цветаше по улиците и по партизираните институции заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Нема повеќе МВРО-ВМРО, партиски штабови во МВР, заштита на криминалот. Заврши партизацијата на полицијата, сокривањата убиства и селективноста пред законите.
Неспособното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да шири неоснована паника меѓу граѓаните.
Полицијата денес работи одговорно, независно и професионално и е вистински партнер и заштитник на граѓаните.
Стапката на криминал се намалува, а надлежните институции постапуваат по секое прекршување на законите. Граѓаните се сигурни и безбедни.
Тоа го потврдуваат и испитувањата на јавното мислење. Согласно истражувањата на ОБСЕ, 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни.
Министерството за внатрешни работи продолжува да работи професионално, ефикасно и независно во служба на законите и интересите на граѓаните.
Скопје, 21.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА