fbpx

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, нови 662 милиони евра насочуваме кон граѓаните. Повеќе за сите се и мерките за поддршка на 187.000 пензионери со помали пензии за кои обезбедуваме и до 15.000 денари во наредните 5 месеци, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Неготино.

-Со СДСМ повторно има повеќе за сите. Обезбедивме финансиска поддршка од вкупно 36 милиони евра за пензионерите, да им помогнеме која е потребно, да ги ублажиме последиците од продолженото влијание на енергетската криза. Пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат финансиска поддршка до 15.000 денари за 5 месеци. Пензионерите со пензија од 14.000 до 16.000 денари до 10.000 денари а пензионерите со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари до 7.500 денари за истиот период. Не треба да се аплицира, веќе од овој месец започнува исплатата директно на сметките на пензионерите, рече Ковачевски.

Со СДСМ пензионерите добиваат повеќе и пензиите растат во континуитет, само во последната година СДСМ ги зголеми пензиите за 25% а во споредба со времето на ДПМНЕ и за над 100 евра, додаде Ковачевски.

-Ветив пораст па пензиите и силна финансиска поддршка и тоа ветување го исполнуваме. Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ. Само со СДСМ пензиите можат да растат значително и ние ќе продолжиме со нашите политики за нашите постари сограѓаните да имаат спокојна старост, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести