Соопштение за јавност
Денеска во Влада се одржа посебна тематска седница за измена на програмата за финансиска поддршка во земјоделство каде во мерката за лозарство по хектар износот на субвенции за 2023 година од 40.000 денари по хектар ја зголемуваме на 52.000 денари по хектар. Тоа е повеќе за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва на трибина Повеќе за сите во Кавадарци.
Донесовме и нова дополнителна мерка за денар плус по килограм за предадено грозје, за што изводјуваме 1 милион евра, додаде Ковачевски.