Соопштение за јавност
-Повеќе за сите се и нашите мерки и политики во земјоделието. Резултатите од тие политики сега ги гледаме. Ова е познат крај и по квалитетното лозјето, убавото вино. Преку мерките и политиките на СДСМ за инвестиции и поддршка го развивме овој сегмент на ниво на национална гордост.” – истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Кавадарци.
“Уште на почеток започнавме со грантови од 10.000 евра за опрема за малите производители на храна и малите семејни винарии, како и со грантовите за поддршка до 5.000 евра за набавка на опрема за малите дестилерии.” порача претседателот Ковачевски во своето обраќање.
Ковачевски потенцираше дека македонското вино денеска е на високото 13 место во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино.
“Ова е нашата голема национална гордост, големо заедничко признание за сите мерки и политики, кои беа преземени во изминатиот период. Девизниот прилив од 2022 година изнесуваше околу 60 милиони евра а успешни резултати бележиме и во првите шест месеци од оваа 2023 година кога вкупниот извоз на вино достигнува вредност од близу 40 милиони евра.” – истакна претседателот Ковачевски.
“Од година во година бележиме зголемување на извозот на вино во шишиња, наспроти извозот на наливно вино, што е уште еден остварен успех. Денеска, вкупниот број на регистрирани винарски визби во државата изнесува 255 винарски визби, што претставува бројка за почит”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Кавадарци.