fbpx

Ајде Мицкоски собери храброст, кажи јасен став, зошто си против ЕУ и НАТО и која е алтернативата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски треба да се охрабри и да каже јасен став, зошто е против ЕУ и НАТО?

Наместо да врти од околу, да се крие зад портпаролите и да одбегнува одговори, Мицкоски да каже која е алтернатива за членството во најмоќните сојузи ЕУ и НАТО, за да може да учествува на ТВ дуел.

ТВ дуелот подразбира соочување на ставови. Крајно несериозно е Мицкоски да повикува на телевизиско соочување, а при тоа да нема јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија.

Мицкоски охрабри се, кажи јасен став!

Заробен во темната матрица на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски единствено стои во заштита на неговиот криминал и се профилира како анти ЕУ и анти НАТО.

Скопје, 14.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести