fbpx

Мицкоски, кажи јасен став за најважните прашања, кажи која е алтернативата за ЕУ и НАТО за да можеш да учествуваш на ТВ дуел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За да може да учествува на каков било ТВ дуел Христијан Мицкоски прво треба да собере храброст и да каже јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија, за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа.

Мицкоски, охрабри се, кажи јасен став, која е алтернативата на ЕУ и НАТО?

Мицкоски, кажи зошто си против НАТО, зошто си против ЕУ?

Освен што ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски досега не кажал јасен став за најважните прашања, дали е за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќањето на Договорот од Преспа. Напротив, со своите јавни настапи, со своите активности Мицкоски јасно се профилира анти ЕУ и анти НАТО.

Со таквите ставови, Мицкоски покажува дека е дел од антизападната матрица на некогашниот сопартиец Филип Петров, некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски.

Скопје, 13.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести