Соопштение за јавност
По 11 годишното игнорирање на проблемот со загадувањето на воздухот, по една деценија непреземање ништо и системско уништување на зеленилото од страна на криминалното ВМРО-ДПМНЕ, денес, низ сеопфатна системска акција се преземаат мерки против сите извори на загадување.
Повеќе акции за зазеленување и засадување на дрвја со одвиваат низ повеќе општини во Македонија.
Над автопатот Велес-Скопје кај езерото „Младост“ над селата Отовица и Чалошево, во изминатите десетина дена на површина од 50 хектари засадени се околу 100.000 висококвалитетни садници од багрем јасен и јавор.
Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје вчера продолжи со засадување на 300 дрвја јасен и јавор.
Во тек е есенска акција на Град Скопје за засадување при што ќе бидат засадени околу 3.500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини.
Битола, Велес, Карпош, Сарај, Бутел, Аеродром се само дел од локациите на кои се одвиваат акции за засадување на висококвалитетни садници.
Паралелно со овие интезивни акции, се преземаат мерки за замена на старите и нееколошки начини на затоплување со еколошки. Во јавните установи, во училиштата и градинките се заменуваат старите котли на нафта и се поставуваат нови еколошки котли на пелети и инвертори со што се намалува загадувањето, но се намалуваат и трошоците за загревање.
Во тек се активности за реализација на капиталната инвестиција за изградба на гасоводна мрежа, што е една од клучните мерки во борбата против загадувањето.
За таа цел, во Буџетот за 2019 година предвидени се средства во износ од една милијарда и 577 милиони денари, што е за дури 1.1 милијарда денари повеќе од средствата за 2018 година. Истовремено, за првпат е формирано и градско јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем.
Се набавуваат и нови еколошки автобуси, се воведуваат еколошки мерки за сообраќајот, се обезбедуваат субвенции за еколошки енергенси за греење, за еколошки автомобили, засилени се инспекциите и серија други мерки кои активно и континуирано се спроведуваат.
Сите институции секојдневно преземаат мерки што имаат за цел да го намалат загадувањето.
Јасно е дека станува збор за сложен проблем за чиешто решавање ќе биде потребно силна ангажираност и време, но сите институции се максимално посветени да стават крај на овој децениски проблем.
Скопје,12.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА