fbpx

Со денови го нема Мицкоски па го храбрат со нарачани анкети, видовме како промашуваат пред секои избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бидејќи Мицкоски го нема никаде со денови ДПМНЕ очигледно го храбрат со нарачани анкети.

Нема што да каже Мицкоски за пакетот антиктизни мерки со кој 662 милиони евра СДСМ враќа кај граѓаните.

Или бега од одговори во јавноста за неговите средби со Палевски?

Како и да е, јасно е, сите нарачани анкети на ДПМНЕ досега пропаднаа.

Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз.

На анкета на истата оваа агенција, објавена пред неколку месеци имаше објавени различни броеви за кои потоа се тврдеше дека се „техничка грешка“.

Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека градоначалниците на ДПМНЕ на чело со Мицкоски за 2 години немаат испорачани никакви резултати.

Ниту една нарачана анкета не може да го покрие фактот дека ДПМНЕ и Левица се единствена пречка за продолжување на европскиот пат.

Затоа на изборите ќе пропадне и оваа нарачана анкета на ДПМНЕ.

Последни вести