fbpx

Ковачевски од Штип: Повеќе за сите е мерката за субвенционира цената на струјата до 90%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

“Обезбедивме пари и да ја продолживме мерката за субвенционирање на цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи. За над 600 илјади семејства во земјата Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата и тоа до 90%.” – истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Штип.

“И 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор имаат субвенционирана струја”, порача претседателот Ковачевски во своето обраќање.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Штип, Ковачевски истакна дека СДСМ значи еднакви граѓани, значи просперитет, повеќе пари кај граѓаните, значи слобода на говорот, СДСМ значи борба за достоинствен живот и најважно, значи борба за европска иднина. Граѓаните знаат дека со СДСМ има – Повеќе за сите!

Последни вести