fbpx

Ковачевски: Со државнички одлуки, обезбедивме европското и светското признание на македонскиот јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

“На секој социјалдемократ му е гордост и тоа што нашата партија во изминативе години од Северна Македонија направи земја која е носител на најпозитивните политички текови и процеси не само во Западен Балкан туку и во Европа и во демократскиот свет.” – истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Штип.

Ковачевски потенцираше дека Владата предводена од СДСМ, вложи максимални политички напори, земјата да стане членка на НАТО и да отпочне пристапни преговори со ЕУ.

“СДСМ како владејачка партија успеа да ги реши најтешките политички прашања кои со децении земјата ја држеа во политичка, безбедносна и економска неизвесност.” – истакна Ковачевски.

Направивме историски чекори кои не беа на штета на нашата култура, на нашиот идентитет, на нашиот јазик, туку напротив не само што ги зацврстивме, туку ги реафирмиравме и ги потврдивме насекаде во светот, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Штип и истакна:

”Носејќи државнички одлуки, го обезбедивме и европското и светското признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, со што би се гордееле сите наши предци. Денес, македонскиот јазик е официјализиран, после Обединетите Нации и НАТО – и во Европската Унија. Дури и меѓу 10 те светски јазици на Вселенската Патријаршија.” Рече Ковачевски.

“Нашиот фокус е што побрза интеграција на земјата во ЕУ и нема да не поколеба токсичниот популизам и автократските тенденции, ниту лажните вести. Заедно со граѓаните ќе се избориме за членство во ЕУ.” – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Штип.

Последни вести